Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Целта на овој конкурс е да обезбеди поддршка на заеднички развиени акции на граѓански организации, партнерства или мрежи кои ги поттикнуваат актерите на граѓанското општество на солидарност и здружување околу специфично прашање преку грантови за заеднички акции на граѓански организации (грантови во износ до 25.000 американски долари);
За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби.
Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои:
• директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество;
• покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
• нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
• применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
• промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот;
• обработуваат тешки реформски прашања.
Рок за поднесување на пријавите: 1 ноември, 2013 до 16:00 часот
Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.
Документи за преземање:
– Конкурс (.pdf)
– Образец за пријавување (.doc)
– Буџет (.doc)
– Упатство за буџетирање (.pdf)
– Прилог 1. Временска рамка (.doc)
– Прилог 2. Информации за партнерските организации (.doc)
– Прилог 3. Резиме на англиски јазик (.doc)