Делфини што со години беа забава за туристи сега ослободени да пливаат на отворено море

Три делфини што со години беа затворени во базен во Индонезија и користени како туристичка атракција, сега конечно се ослободени да пливаат на отворено море.

Делфините пливале заедно со туристите, кои можеле да ги допрат и да ги фотографираат.

Триото делфини три години претходно беше спасено од животот во мал базен во хотел каде тие беа продадени по години учество во патувачки циркус.

Тие досега се наоѓаа во спасувачкиот центар во Бали каде имаа можност да го зајакнат своето здравје и сила.

„Неверојатно е искуството да ги ослободите да пливаат слободно“, изјавил Линколн О’Бери кој работел со индонезиската влада во процесот за создавање на Центарот за рехабилитација и ослободување на делфини „Ума Лумба“.

О’Бери додал дека делфините се диви животни тие треба да живеат слободно.