Skopje Design Week уште еднаш покажа дека секоја идеја може да биде реализирана, да има одредена функционалност, уметничка вредност, но и да пренесува одредена порака. Многу работилници, музика, настани и студенти желни за нови знаења и заинтересирани за дизајнот кои во три различни зони: комерцијална, некомерцијална и експо-зона, го пронајдоа своето место.
Годинава акцентот на Skopje Design Week е ставен на Швајцарија. Комбинирањето на високиот квалитет и едноставноста на производите е работа која што е карактеристична за оваа земја. Студентите на индустриски дизајн овде го откриваат и значењето на зборот бизнис во уметноста, презентирајќи прототипи на нивните идеи.
Репортерот на Радио МОФ вчера го посети Куршумли ан, центарот на сите дизајнерски случувања неделава. Еве дел од фотографиите снимени таму.