По повод шестото издание на Медиумски Фестивал Скопје (МФС), медиумот ПИНА отвора повик за волонтери.
Овогодишното издание на МФС ќе се одржи од 22 до 24 септември во Кинотека на Македонија, а организаторите истакнуваат дека волонтерите ќе помагаат во организацијата и логистичката поддршка на настаните на фестивалот кои ќе се одржуваат во живо.
Сите заинтересирани потребно е да се пријават на мејл адресата info@pina.mk со наслов на мејл „Повик за волонтери“, заклучно со 18 септември.
Сите заинтересирани во својата апликација пожелно е да напишат и неколку реченици со опис на активностите во кои би сакале да бидат вклучени, а за избраните волонтери ќе биде обезбеден надомест од 2.000 денари бруто.
Во фокусот на овогодишното издание на фестивалот ќе биде животната средина.
„Ќе се разгледуваат актуелните прашања што нè опкружуваат, од климатската вонредна состојба која ги погодува сите на планетата, до бетонизацијата на зелените површини во нашите градови, новинарството посветено на екологија и други важни ‘зелени’ теми“, пишуваат од ПИНА.
Истовремено, ПИНА како и секоја година на фестивалот повторно ќе одвои простор за теми посветени на опасностите во новинарската работна средина.
„Значаен дел од програмата ќе биде посветен и на онлајн вознемирувањето со кое се соочуваат новинарките во нашата земја. Ќе бидат одржани бројни дискусии, работилници, филмови и други настани посветени на разни теми важни за медиумите и граѓанското општество“, дополнуваат оттаму.