Европската комисија информираше дека во план е воведување на дополнителни даноци врз енергетските компании со цел да се заштитат граѓаните од цените за електрична енергија кои се во подем, пренесува „Индепендент“.
„Во овие времиња не е во ред да се заработува од рекордните приходи и профити од војна на грбот на нашите потрошувачи. Профитите треба да се поделат и да им бидат дадени на оние кои највеќе им е потребно“, изјавила Урсула Вон дер Лајен во свој говор во Европскиот парламент во Стразбур.
Целиот најавен предлог е целина од индивидуални мерки кои веќе се воведени индивидуално во некои од 27 земји членки на ЕУ, но овојпат предлогот ќе треба кохерентно да биде воведен во целиот блог.
Според нацрт плановите, ќе биде побарано од компаниите за нафта, гас, јаглен и рафинерииите да отстапат 33 отсто од нивната оданочена фискална добивка за 2022 година.
Предлогот исто така најавува и ограничување на вишокот приходи во производството за електрична енергија од фосилни горива. Тоа значи дека ветерните, соларните и нуклеарните централи ќе имаат ограничување на приходите од 180 евра по мегават час, а секој вишок ќе отиде кај националните влади,
Сретствата собрани од најавената мерка ќе бидат искористени за финансиска поддршка на потрошувачите чии сметки се зголемуваат.
Најавените планови се уште треба да се дискутираат и да се договорат помеѓу земјите членки на ЕУ на самитот на енергетика кој ќе се одржи на 30 септември.