„Vojko V dolazi, bolje se pazi“ се вели во најавата на Младинскиот културен центар (МКЦ) за настапот на хрватскиот рапер „Vojko V“, кој пред скопската публика ќе настапи на 21 октомври.
„За VOJKO V, не знаеме дали треба било каква специјална најава? Во 2018 година го објавува својот прв сингл ‘Vojko’ станува татко, освојува 3 “Porin” награди во 2019 – албум на годината, видео спот на годината и клубски албум на годината. Одржува голем број на концерти низ регионот, објавува две сликовници за деца и да – уморен е“, велат од МКЦ.
„Војко Ве“ пред македонската публика за прв пат настапи на „ДФест“ во 2019 година, а од МКЦ додаваат дека доказ за популарноста на раперот се и распродадените концерти во Загреб, Белград, Сараево, Мостар, Ријека и Сплит.
„Скоро и да нема град или фестивал во регионот каде нема свој настап, а неверојатната рекордна концертна сезона во 2019 година завршува со објава на синглот “Moja lipa”. Во 2020 можеби бил уморен, но во 2021/22 веќе е спремен за враќање на бината и нови концертни предизвици, најавени и со неговиот најнов сингл “Mamići” во соработка со младиот рапер Grše“, дополнуваат од МКЦ.
Билетите на настапот на „Војко В“ се достапни тука.
Прочитајте го интервјуто со Војко В, кое го објавивме во 2019 година.