[Видео] Како локалните власти можат да ги вклучат граѓаните во буџетскиот процес?

Граѓаните треба да бидат информирани за локалниот буџет на лесен и разбирлив начин. Тоа е предуслов за да се гарантира граѓанско влијание при носењето на одлуки кои ќе влијаат на квалитетот на нивниот живот.

Шведскиот меѓународен центар за локална демократија ICLD заедно со Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ работат на создавање на Индексот за транспарентност и отчетност на општините. Овој индекс треба да го подобри начинот на Буџетирање во локалните заедници низ светот. Тој се базира на студија изработена од тимот на ЗМАИ во која беа анализирани македонските општини.

Видеото во продолжение презентира 4 едноставни начини да се направи буџетскиот процес потранспарентен:

 

Видеото е достапно и на албански јазик на следниов ЛИНК.

Публикацијата може да ја најдете на официјалната веб-страница на ICLD на следниов ЛИНК.