Осумнаесеттото издание на културната манифестација „Бела Ноќ“ во Скопје, оваа година ќе се одржи на 1 октомври, а настаните во рамки на Културно информативниот центар – Скопје (КИЦ) се насловени „КИЦ Артленд“.
Дополнително, настаните во КИЦ ќе започнат во 19 часот, а оттаму истакнуваат дека оваа година, настанот ќе биде заокружуен со голема изложба на државната манифестација „Денови на македонска фотографија“ во организација на „Фото сојуз на Македонија“, која го слави својот 60-ти роденден.
Целосната програма која ќе се одвива во КИЦ е достапна на Фејсбук настанот.
Организаторите истакнувааат дека концептот и оваа година останува ист, односно „Бела ноќ“ ќе биде мултимедијална вечер со богата културна програма која ги опфаќа сите културни установи.
За „Бела ноќ 2022“ се предвидени изложби, театарски претстави на отворено, настапи на камерен оркестар, кино проекции, магионичарско и жонглерско шоу, настапи на диџеи и поетски читања.
Предвидените настани ќе се одвиваат во Кинотека, КИЦ, Зоолошка градина, Детски културен центар „Карпош“, Национална галерија, Младински културен центар, Музеј на современата уметност, Музејот на македонската борба и Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје.