Здружението „Млади за љубов“ и оваа година, по третпат организира одбележување на 4 октомври – Светскиот ден на насмевките.
За таа цел, планиран е настан со многу изненадувања кој попладнево ќе се оддржи во ГТЦ, од 15.30 до 17.30 часот.
Од „Млади за љубов“ посочуваат дека оваа година е и 50 роденден на смајли.
„Смајлито не познава политика, ни географија, ниту пак религија. Барем еден ден во годината не би требало ни ние,“ велат младите.