Во светло на протестите кои траат со денови во Иран поради смртта на 22-годишната Машха Амини, која почина по полициска бруталност бидејќи наводно не носела хиџаб според прописите, персиска верзија на популарната италијанска партизанска песна „Бела чао“ се шири на социјалните мрежи.
Додека полицијата тврди дека Амини починала од природна смрт, нејзиното семејство вели дека била мачена и убиена.
„За време на патувањето до полициската станица, таа беше мачена и навредувана“, изјави Ерфан Мортезаеи, братучед на Амина.
„Таа се здоби со потрес на мозокот од удар во главата. Има извештај од болницата во кој се вели дека таа веќе била мртва кога пристигнала во болницата“, додаде тој.
Инаку, жените како форма на протестот ја шишаат косата додека владата го ограничува интернетот и врши насилна репресија.
Вчера, официјалниот број на загинати беше 41, но организациите за човекови права велат дека вистинската бројка може да биде поголема.
Дваесетгодишната Надис Наџафи која се подготвуваше да се придружи на протестите беше убиена со дури шест куршуми. На видеото, за кое се тврди дека е нејзино последно, се гледа како Наџафи ја врзува својата откриена коса пред да се приклучи на протестот.
Persian version of the 19th century Italian protest folk song, Bella Ciao. #MahsaAmini #IranProtests pic.twitter.com/DZq4MHJbbU
— Habib Khan (@HabibKhanT) September 24, 2022
Родителите на младите луѓе убиени за време на протестот го изразија своето разочарување од одговорот на меѓународната заедница.