На петтото издание на „Slowscapes“ – изложба на македонска мода и дизајн со еколошки и одржлив карактер, посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите колекции на македонските дизанјери на мода, накит и модни додатоци.
Изложбата е отворена денес, на 28 септември во КСП Центар -Јадро, со почеток во 12 часот напладне.
„Запознајте се со македонските дизанјери на мода, накит и модни додатоци и нивното еколошко производство што се противи на ‘брзата мода’ и прекумерното и неодговорно потрошување. Станете дел од движењето ‘slow fashion’ што се залага за бавно, квалитетно и етичко создавање и конзумирање на модата“, порачуваат организаторите.
Оттаму повикуваат на поддршка на малите еколошки локални бизниси, противење на брзата мода и внимателно избирање при купување.
Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.