Џез колективот „Sethstat“ објави нов албум под етикетата на PMGJAZZ, овој пат бурно-џезерски омаж за фамозната „Соба 107“ во МКЦ.
„По минатогодишниот неверојатен албум White Night LIVE во кој сите уживавме толку многу, еве го новиот албум на Sethstat, нивниот 10-ти. Како живи легенди на македонската вибрантна џез-сцена, тие испорачуваат, и испорачуваат со стил. Некој може да каже дека ова е нивното најдобро албумско издание досега, но нивната постојано растечка, вечна, незапирлива тенденција да се задоволат себеси и веројатно Бог, секогаш може да ги надмине сите очекувања“, стои во инфото за албумот.
Освен Васко Бојаџиски, Владан Дробицки, Панче Бујуклиев, Павел Дробицки и Гоце Наумов, на десеттиот албум на „Sethstat“ како гости се вклучени и Филип Букршлиев, Глигор Кондовски, Мицко Дамјановски и Мирко Попов.