Почнува 17. издание на АКТО фестивал за современи уметности

Од денеска па во следните три месеци ќе се одвива 17- тото издание на АКТО Фестивал за современи уметности, кое ќе се одржува под тематиката „Современи (не)демократии II: Грижата и заедничките простори“, со повеќе настани во Скопје.

Во 2021 и 2022 година АКТО се трансформира во неколкумесечна фестивалска платформа со двогодишна истражувачка тематика – современи (не)демократии. Идејата на АКТО е да прерасне од активна сцена на презентација во фестивалска платформа за продукција и едукација во областа на современата уметност преку уметнички истражувачки практики.

Денес со почеток од 17:30 часот до 19:00 часот, во дворот на Архитектонски факултет – Скопје ќе се изведе перформативната интервенција „АКТО АКЦИЈА: ДА СЕ ПИШУВА ЗА ГРАДОТ!“. Станува збор за сајт специфик перформативна интервенција како резултат од работата на тридневната работилница предводена од Филип Јовановски (Скопје) , Миодраг Куч (Берлин) и Борис Бакал (Загреб) во рамки на проектот работилница „Траги на скопскиот брутализам“ поддржана од ЕУ академската програма КОСТ и акцијата „Пишување урбани простори. Нови наративи за европскиот град“ (28-30.09.2022) и Архитектонски факултет Скопје.

По овој настан следуваат уште неколку настани во октомври и ноември 2022 година, интернационална изложба и симпозиум „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“ курирана од Ивана Васева и Бојана Пишкур во соработка со Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова Љубљана, перформанс „Изгубени модернистички утопии“ на Филип Јовановски во соработка со ZK/U-Берлин, Фрлачи на сенки –Загреб, Архитектонски факултет Скопје, промоција на публикација „АКТО зборува 2006-2020“ со интернационални гости и програма од перформанси и друго, што дополнително ќе биде објавено.

Целосната програма може да ја погледнете во продолжение:

ПРОГРАМА НА 17. АКТО

  • 30.09.2022 година (петок)

-17:30 – 19:00/ двор на Архитектонски факултет – Скопје

АКТО АКЦИЈА: ДА СЕ ПИШУВА ЗА ГРАДОТ!

сајт специфик перформативна интервенција како резултат од работата на тридневната работилница предводена од Филип Јовановски (Скопје) , Миодраг Куч (Берлин) и Борис Бакал (Загреб) во рамки на проектот работилница „Траги на скопскиот брутализам“ поддржана од ЕУ академската програма КОСТ и акцијата „Пишување урбани простори. Нови наративи за европскиот град“ (28-30.09.2022) и Архитектонски факултет Скопје.

Работилницата, како и сајт специфик перформативната интервенција во Скопје, има за цел да ги вкрсти општествените вредности на колективните простори со запуштени и застарени јавни згради. Се фокусира на зграда од модерното (бруталистичко) архитектонско наследство кое датира од 1970-тите, кое служело како центар на заедницата, колоквијално наречено „домче“ (деминутивна форма на именката „дом“). Настанот служи како платформа во која влошената состојба на овој некогаш високо ценет маалски простор може да го најде својот пат назад во заедницата. Целта е да се истражи значајноста на архитектурата во однос на културната продукција на урбаниот простор. Учесниците на работилницата ќе го користат методот на „читање згради“ развиен од Филип Јовановски и Ивана Васева и ќе го спроведат своето субјективно интердисциплинарно истражување создавајќи карактеристични наративи за зградата.

Овој настан припаѓа на серија слични проекти под наслов „Кога зградите би зборувале“ спроведена од ФРУ и АКТО фестивалот за современи уметности од Скопје, во соработка со колективот „Фрлачи на сенки“ од Загреб, ЗК/У од Берлин и Архитектонскиот факултет во Скопје како домаќин. институција која целосно го организира настанот.

● По овој настан следуваат уште неколку настани во октомври и ноември 2022 година, интернационална изложба и симпозиум „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“ курирана од Ивана Васева и Бојана Пишкур во соработка со Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова Љубљана, перформанс „Изгубени модернистички утопии“ на Филип Јовановски во соработка со ZK/U-Берлин, Фрлачи на сенки –Загреб, Архитектонски факултет Скопје, промоција на публикација „АКТО зборува 2006-2020“ со интернационални гости и програма од перформанси и друго, што дополнително ќе биде објавено.