[Видео] Новиот спот на „Пука козметика“

Песната „Џингл“ е одговор на многу прашања поврзани со Токсикологија, можност за многу рапери кои комерцијализацијата на својот хип-хоп ја искористија преку нив и нивниот публицитет. Песната претставува тврдо рап парче, како гостин се појавува Непознатото од Штип-хоп, кој е и автор на музиката.
[Видео] Новиот спот на „Пука козметика“

За аранжманот се погрижи Дамјан Глодарагз, додека за миксот и мастерингот АДД продукција. Текстот и видео приказната како и секогаш е дело на Пука козметика, режијата е на Дарко, а монтажата и постпродукцијата на Жарко.

Снимател на видео записот е Ангел Ангеловски, а како продукција се потпишува Токсикологија мјузик. Во оваа соработка се појавува и Диџеј Димитри Је Јаа.