Белградското драмско позориште (БДП) со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“ вечерва и утревечер (5 октомври) ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ).
Претставата е во режија на Жанко Томиќ создадена по текстот на Кен Кеси и Дејл Васерман.
„Станува збор за црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот“, велат од МНТ.
Главниот лик на Редни П. Мекмарфи го игра Драган Бјелогрлиќ, а во останатите улоги играат Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.
Драмата е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога. Премиерно во изведба на БДП, „Лет над кукавичкото гнездо“ беше одиграна на 5 ноември 2005 година на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белград.
Изведбите започнуваат во 20:00 часот, а билетите се достапни онлајн преку веб-страницата, како и на билетарницата во Македонскиот народен театар.