Најмалку 30 лица, меѓу кои и деца загинаа во масовно пукање во предучилиштен дневен центар во Тајланд, јавува Евроњуз. Се наведува дека нападот се случил околу пладне по локално време.
Вооружениот напаѓа, 34-годишен поранешен полицаец претходно ги убил сопругата и децата пред да се застрела, соопшти полицијата.
Најмалку 23 деца, двајца учители и еден полицаец се меѓу жртвите во Нонг Буа Ламфу, мал град во близина на границата со Лаос.
Тајландската полиција претходно го именуваше вооружениот напаѓач, за кој рекоа дека побегнал од предучилиштниот дневен центар со бел пикап.
Градската болница на Фејсбук напиша дека по инцидентот итно се потребни донации на крв. Околу 30 деца биле во дневниот центар кога влегол напаѓачот.
Стапките на поседување оружје во Тајланд се високи во споредба со другите земји од регионот, но официјалните бројки не вклучуваат огромен број на нелегално оружје.