„The Local Blue“ вечерва (петок, 7 октомври) од 21 часот полетуваат со вселенската јахта во просториите на „Jazzy“. Истовремено е организирана изложба на Beamoff.art (Кристијан Новковски).
„Кога ќе дојдете не заборавајте да фрлите око на постерите кои ќе бидат изложени наоколу“, стои во најавата на настанот.
„Local Blue“ e инструментален психоделичен рок состав, кој досега има издадено два албума „Project Blue Beam“ и „2nd Landing“, a дечките објавија и еден снимен во живо – „Live at Kanal 103“.
На триото Панде Ефтимов (бас), Кристијан Новковски (тапани) и Кристијан Савиќ (гитара) во изминатава година-две им се приклучи и Кети Танчева на теремин, што донесе дополнителен спејс-слој на целата звучна слика.
На своите свирки „The Local Blue“ аудиториумот го носат на уникатно, психоделично, вселенско патување, најчесто импровизирајќи меѓу спејс рок, краутрок, стонер и експериментален рок. Сепак, нивниот звук не може да се категоризира низ секојдневните вибрации и жанрови. Напротив, како што самите велат, динамиката и текстурата во звукот на „The Local Blue“ претставува цврста основа за креирање недекојдневни и уникатни звуци кои се филтрираат преку кохезивноста на инструменталистите.