Уметничкиот центар „SWG3“ во Глазгов се префрли на нов систем за топлински пумпи што создава обновлива енергија од топлината на телото што се создава при танцување на подиум.
Топлината на танчерите се пренесува преку флуид што до дупки длабоки 200 метри што се полнат како термални батерии. Потоа енергијата патува назад до топлинските пумпи, се надградува до соодветната температура и се емитува повторно внатре во „SWG3“.
Сопствениците на објектот велат дека доколку целосно ги исклучат котлите на гас во местото наменети за затоплување и започнат со користење само на овој систем ќе успеат да ги намалат јаглеродните емисии за 70 тони годишно.
„Кога започнувате со танцување со средна брзина, како на музиката на „Ролинг Стоунс“ веројатно би успеале да генерирате 250 вати топлинска енергија. Но, доколку има голем диџеј што ќе направи сите да скокаат горе и долу, тогаш може да се генерира и енергија и до 600 вати“, изјавил диззајнерот на системот, Томас Таунсенд.
Термалниот систем чини повеќе од 600.000 фунти само за да се инсталира. Сепак, според пресметаните заштеди на сметките, инвестицијата ќе стане повратна за околу 5 години.
„Ако може тука да функционира, нема причина зошто ваквиот систем не би функционирал и на други места и центри, не само тука во Шкотска и Обединетото Кралство“, изјавил директорот на „SWG3“ центарот во Глазгов, Ендру Флеминг – Браун.
Системот бил коментиран и од страна на советникот за клима при градскиот совет во Глазгов, кој посочил дека истото е фантастична шема, каде луѓето ќе помогнат Глазгов да стане зелен додека си поминуваат одлично.
„Овој иновативен пристап за намалување на емисиите и потрошувачката на енергија во ‘SWG3’ е одличен пример за да ја оградиме нашата улога во тоа како може Глазгов да стане град со нето-нула баланс.