Американскиот водител Алекс Џоунс, се здоби со судска пресуда според која треба да исплати отштета од скоро 1 една милијарда американски долари поради ширење на дезинформации и теории на заговор, пренесува „Еuronews“.
Џоунс, кој е познат по својот десничарски онлајн канал „Инфоворс“ тврдеше дека пукањето во американското училиште Сенди Хукс кое се случи во 2012 година е само заговор, како и дека убијците на учениците се актери платени од нивните родители со цел ширење на пропаганда против правото на поседување на огнено оружје.
Водителот отштетата ќе треба да ја исплати на фамилиите на загинатите во училишното пукање, а пресудата е завршница на тужбата за клевета поднесена од страна на семејствата на загинатите.
Во пукањето во американското училиште животот го загубиле 26 лица.
По пресудата, Џоунс изјавил дека целото судење е шоу, како и пресудата ова е заговор на демократите за да го затворат неговиот бизнис.
„Повеќепати се извинив и веќе не се извинувам“, им кажал тој на поротниците.
Адвокатот на Џоунс, Норм Патис, изјавил дека пресудата е нефер и најавил жалба.
„Овој ден е многу мрачен ден за слободата на говорот“, изјавил адвокатот по пресудата.
Според одлуката на поротата, фамилиите на загинатите ќе се здобијат со различни суми на отштета, поради различните закани и насилства на кои биле изложени од обожавателите на Џоунс.
Имено, лица кои биле уверени во лагите често се појавувале пред домовите на фамилиите, на гробовите на загинатите, а неретко праќале закани преку социјалните мрежи.
Еден од родителите, сведочел дека обожавателите на Џоунс уринирале на гробот на неговиот седумгодишен син и се заканувале дека ќе го ископаат неговото тело, додека мајка на една од загинатите ученички, Ерика Лаферти, сведочела дека добивала закани по живот преку пошта.
„Се надевам дека отсега, ќе можам на мир да ја прежалам смртта на мојата ќерка и нема да бидам вознемирувана од теоретичари на заговор“, изјавила таа.
Дваесет деца и шест возрасни ги загубија своите животи на 14 декември 2012 при пукање во американско училиште, а тужбата го обвинува Џоунс дека го искористил масовното убиство за да привлече публика и да заработи милиони долари.