Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет, распишуваат конкурс за изработка на содржини на тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката.
Конкурсот е наменет за млади од 15 до 29 години.
„Прашањето на која младите треба да одговорат на креативен начин е „Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас? Можете да одговорите на прашањето со тоа што ќе ни кажете кои теми ви се поважни како млад човек и што најмногу ве засега или ве интересира кога станува збор за безбедноста, солидарноста и соработката“, пишува во конкурсот.
Содржините може да се изработат во неколку формати:
- Видео содржина (YouTube видео, TikTok, Reels, Podcasts…)
- Креативна графичка содржина (дизајн, стрип, илустрација…)
- Фотографија
- Сликарство или цртање
- Есеј
Комисијата ќе награди три најдобри содржини. Прворангираниот ќе добие активна камера Go Pro Hero 9 Action Camera, добитникот на второ место – паметен часовник Гармин Vivoactive 4, и добитникот на трето место ќе биде награден со слушалки JBL Bluetooth Earbuds.
Конкурсот е отворен до 15 ноември 2022 година.
Креативната содржина треба да се достави преку е-пошта на nusret.iseini@osce.org и marija.baseska@nms.org.mk вклучувајќи име, презиме, датум на раѓање на апликантот.
„Можете да ги прикачите вашите креативни содржини на услугата за споделување датотеки (WeTransfer, Dropbox, Google Drive…) и испратете ни ја линкот во вашиот маил. Ве молиме чувајте ја вашата оригинална работа. Со учество на конкурсот, се согласувате вашата содржина да биде јавно прикажана“, стои во конкурсот.
За дополнителни информации може да се контактира програмскиот асистент Нусрет Исеини, на е-адресата nusret.iseini@osce.org или на телефонскиот број 070/359- 062 како и програмската асистентка Марија Башевска marija.baseska@nms.org.mk или
на телефонски број 076/708-990 од Националниот младински совет.