На 28 октомври од 20 часот во Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде промовиран романот „Превез“ од Иван Стојановски.
Романот ќе го промовираат Верица Мукоска и Стефан Марковски, а извадоци од романот ќе чита писателот
“Романот “Превез” е напишан помеѓу мојата 16 и 18 годишна возраст имено работен е две години 1998-2000. Откако е напишан ми беше сон да се објави и да се верифицира неговата вредност и квалитет што мислам дека ќе бидат приметливи и дека ќе наиде на добра рецепција. Романот е преведен на англиски (The Veil) е и веќе неколку години се продава на Amazon.com го има во Kindle и во печатена верзија –бидејќи вршат принт по нарачка. Но иако е светски реализиран и од сите странци што го купиле и прочитале имам добар фидбек –редно е да добие македонска печатена верзија. Впрочем и рекламата за книгата е интригантна-вели: `Изгубен ракопис патувал низ времето и просторот и сега е пред вас. Се осмелувате ли да го прочитате?`“, порачува писателот Стојановски.
Иван Стојановски е роден на 13.03.1982 год. во Скопје. Дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност. Покрај тоа што го интересираат сите видови на уметности (сликарство, музика, филм) сериозно се посветува на пишувањето од средношколска возраст. Во 2019 излегува од печат неговиот прв издаден роман “Сенката на Сонцето” финансиран од Министерство за Култура, преку списанието “Современост” каде има издадено поезија и критика. Во 2021 година излегува од печат неговата збирка на драми со истоимениот наслов “Драми” исто така финансирана од Министерство за Култура, преку Институт за Наука, Алтернатива, Култура и Уметност (“ИНАКУ” Институтот) предводен од издавачката куќа “Феникс”.
Плодот на неговата непрестајна работа во пишувањето досега брои неколку романи, колекција од драми, повеќе збирки поезија, неколку збирки различни видови на раскази, голем број текстови, есеи и друго. Преведените верзии на англиски јазик од истите дела (книжевни преводи кои ги има изработено самостојно) се продаваат на веб-сајтот Amazon.com во електронска и печатена форма. А македонските електронски верзии ги споделува бесплатно преку интернет поради бесплатна достапност и промоција на македонскиот јазик иако сеуште не се сите издадени материјално на македонски јазик. Исто така покрај пишувањето свои дела, се бави и со книжевен превод од македонски на англиски јазик и со пишување професионални рецензии и критики според неговата официјална вокација на компаративист.