На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
1. Универзитетите ветуваат физичко присуство во топли предавални, а за сметките ќе се снаоѓаат
Загревањето на универзитетските предавални во тековната грејна сезона е предизвик за државните универзитети и предизвика загриженост на студентите, кои по две години учење од дома, конечно се вратија назад во амфитеатрите.
Државните високообразовни институции, според новите владини мерки за штедење на струја, не беа вклучени на регулираниот пазар за снабдување со електрична енергија, како останатите образовни институции.
Радио МОФ ги контактираше петте државни универзитети во земјава по ова прашање. Дел од нив ни одговорија дека ќе се потрудат претстојната зима енергетската криза да не биде причина за академската 2022/23 повторно да ги врати студентите да учат од дома.
Универзитетите ветуваат физичко присуство во топли предавални, а за сметките ќе се снаоѓаат
2. Просветниот инспекторат потврди неправилности во ФБЕ откако студентите излегоа на протест
Студенти на Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) во четвртокот излегоа на мирен протест пред просториите на Трудовиот инспекторат кај Општина Центар, каде алармираа дека академската година уште не им е започната, откако повеќе нивни професори добија откази. Просветниот инспекторат, пак, ни испрати одговор дека е направен вонреден инспекциски надзор врз ФБЕ и констатирани се неправилности во факултетот.
Просветниот инспекторат потврди неправилности во ФБЕ откако студентите излегоа на протест
3. „Social Cultural Space Tetova“ бара јавна поддршка откако општината побара да го ослободат просторот
Тимот што стои позади „Social cultural space Tetova“ (Социјално културен простор Тетово) бара јавна поддршка и викендов одржува протестни настани откако во понеделникот од Општина Тетово добиле известување да го ослободат просторот, со што велат дека во знак прашање е нивното опстојување.
„Social Cultural Space Tetova“ бара јавна поддршка откако општината побара да го ослободат просторот
4. По година и пол, нема ниту еден нов збор во дигиталниот Толковен речник
Ниту еден предлог за воведување нов збор не пристигнал до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ една и пол година од промоцијата на дигиталниот Толковен речник, и покрај тоа што на страницата постои можност граѓаните да даваат свои предлози за зборови кои не можат да ги најдат во речникот.
По година и пол, нема ниту еден нов збор во дигиталниот Толковен речник
Нередовен превоз до градот, недостаток на ноќен живот, недоволен број на младински центри за дружење и спорт, недоволно филмови и претстави во кино се дел од проблемите мапирани во документот за јавни политики „Младинска вклученост во единиците на локалната самоуправа“ што беше промовиран на денешната тркалезна маса во организација на Младинскиот Образовен Форум (МОФ).
6. Преку измени на закон ќе се бара училиштата да се обврзат на средношколско организирање
Десетици средношколци и пратеници во Собранието денеска разговараа на тема поврзана со законското регулирање на средношколското организирање и учество, прашање кое е предвидено да биде внесено во измени на Законот за средно образование, изработено од Сојузот на средношколци.
Претседателот на сојузот Лука Павиќевиќ вели дека самото законско решение е револуционерно, бидејќи, како што посочи откако е донесен Законот за средно образование, досега никој не нашол за сходно да го регулира средношколското организирање во закон. Но, во меѓувреме, Павиќевиќ вели дека не сакаат средношколското организирање да го регулираат само како прашање, туку и да го унапредат.
Според него, најважното е тоа што средношколците за првпат ќе бидат признаени како вистински и еднакви граѓани, но и дека ќе им се обезбеди начин да бидат активно вклучени во јавниот живот. Да зборуваат за нивните проблеми и да даваат решенија, а притоа, како што додава, да не бидат приморани да бидат членови на политичка партија и да се политизира нивното учество.
Преку измени на закон ќе се бара училиштата да се обврзат на средношколско организирање