„Не драматизирај!“ – е мотото на триесеттото јубилејно издание на „Скомрахи“, интернационалните студентски средби кои ќе се одвиваат на Факултетот за драмски уметности.
Овогодишното издание на драмскиот фестивал ќе трае од 1 до 5 ноември, на повеќе локации во Скопје, а главната програма ќе се одвива на Факултетот за драмски уметности.
Во текот на петте фестивалски, драмски денови, на ФДУ ќе може да се проследат претстави од македонски, но и студенти од Белград, Осјек, Хамбург и Лондон, како и изложби, работилници, предавања и музички настапи.
Па така, во рамки на „Скомрахи“ ќе може да се проследи изложбата на плакати од претходни фестивалски изданија, со наслов „Ретроскомрах 30“, диџеј сетови на OG, Flooder, Peteljavashe & Laz Palmas, како и музички настапи на групите „Луфтханза“, „The local blue“ и „Dope Kukjata“.