Владата денеска донесе Одлука за определување на највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, бука и пелети за огрев. Па така, највисоката цена на огревното дрво е утврдена во висина до 4.500 денари за метар просторен, односно до 6.249 денари за метар кубен, додека највисоката цена на пелетите за огрев до 27 денари за килограм, во која се вклучени и ДДВ и транспорт.
Највисоките цени на стоките од одлуката ќе се применуваат до 31 декември годинава, посочија од Владата.
„Во исто време, Владата донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало со која што беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%“, посочија оттаму.