Студентите од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ), ја најавуваат промоцијата на студентското уметничко списание „УМНИК“.
Промоцијата на првото издание ќе се одржи денес, 3 октомври, во кафе-книжарницата „Буква“, со почеток во 20 часот.
Студентите од ФЛУ велат дека иницијативата за студентското списание потекнува од нив, а цели да ја прослави и збогати културата, но и да ги претстави младите уметници и ФЛУ како институција.
„Списанието ќе ги претстави и сите други талентирани и активни млади креативни колективи. Сакаме да ја прославиме уметноста и сите нејзини драгоцени придонесувачи. Повелете заедно да и вратиме живот на уметноста“, порачуваат тие.