Со две акции за вдомување бездомни животни и поставување на корпите за одлагање измет на милениците продолжуваат активностите во октомври на здружението Анима Мунди.
Први канти заедно со информативните табли за опасностите од отрови веќе се поставени на детската улица „Тоше Проевски“ во Ново Лисиче, додека во рамки на едукативниот караван ќе бидат организирани повеќе информативни штандови за промоција и стимулирање на хуманост кон животните и за одговорно чување на животните.
Вакви штандови месецов ќе има во општина Куманово, Неготино, Центар и Карпош, а првата од двете акции за вдомување е закажана во недела(13 октомври) на ул „Македонија“ во соработка со општина Центар.
„На овој начин, веруваме, ќе придонесеме за одговорна гружа кон животните, животата средина, како и конечно сериозно перципирање на опасностите од расфрлање отрови – труења повеќе да нема. А доколку ги има, граѓаните да пријавуваат во полиција и сторителите бидат најстрого казнети“, бараат од Анима Мунди.