Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека дојави за бомби денеска повторно стигнале на електронските адреси на четири скопски училишта.
„Денеска, на 4 октомври, во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на електронските адреси на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и училиштата се безбедно евакуирани“,се вели во соопштението на МВР.
Оттаму дополнуваат дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова е втора евакуација на училиштата оваа недела, откако претходно училниците беа испразнети на 2 октомври, кога дојави за бомби добија осум средни училишта.
Минатата недела во неколку наврати до неколку средни училишта во градот пристигнаа закани за бомби, а подоцна се воспостави дека биле лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно посочи дека пораките со лажните пријави за бомби се пуштени надвор од државата.
[Обновено] Повторно дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје