ОБСЕ отвори повик за младински амбасадори од секоја од 57-те држави кои соработуваат со оваа организација, а во рамки на проектот „Model OSCE Youth Ambassadors” .
Швајцарија во 2014 ќе го презе претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и има за цел да го зајакне гласот на младите луѓе и да ја подобри нивната вклученост во структурите на ОБСЕ. За да се постигне оваа цел, Швајцарија ќе организира низа „Модел ОБСЕ“ настани во кои ќе биде вклучен по еден младински делегат од секоја од 57 држави. Овие младински делегати ќе бидат вклучени во швајцарското претседателство на ОБСЕ во текот на целата година.
-Првиот „Модел ОБСЕ“ настан ќе се одржи во Виена од 14-17 јануари, 2014 година. Делегатите ќе влезат во чевлите на амбасадорите од нивните земји и ќе ги почнат преговорите за „Младинскиот акционен план “.
-Втората симулација ќе се одржи во лето/есен во Белград. Делегатите овде ќе ги продолжат со своите преговори во улога на „министер за надворешни работи ” од своите земји каде ќе треба да донесат одлуки за содржината на нивниот „Младински акционен план “.
-За време на Министерскиот совет на ОБСЕ во организација на швајцарското претседавање, во Базел од 4 до 5 декември 2014 година, 57 -те делегати ќе имаат можност да се сретнат министрите за надворешни работи на земјите учеснички во ОБСЕ и да го презентираат својот „Младински акционен план “.
Од ОБСЕ силно ги охрабруваат младите луѓе на возраст од 18-30 години да ги достават своите апликации. Учесниците мора да се државјани на една од 57 држави учеснички во ОБСЕ , да имаат одлично познавање на англиски јазик, да се заинтересирани за меѓународната политика и да се подготвени да одвојат дел од своето време и идеи во рамките на овој проект. Сите трошоци поврзани со Модел ОБСЕ (трошоци за патување , сместување и учество ) ќе бидат покриени од страна на организаторот.
Повеќе информации на http://www.sajv.ch/osce/about-
Крајниот рок за аплицирање е 24 октомври 2013.