По повод 13 Ноември – Денот на Град Скопје, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) утре (11 ноември) ќе ја одржи манифестацијата „Писателите за Скопје“ од 12 часот во просториите на ДПМ.
На манифестацијата, авторите ќе настапат со творби посветени на Градот Скопје. Сите авторски прилози со кои ќе настапат писателите, ќе бидат објавени во посебно дигитално издание на сајтот на Друштвото на писателите на Македонија.
На манифестацијата ќе настапат и писатели кои се уште не се членови на ДПМ.
На манифестацијата воведен збор ќе има проф. д-р Васил Тоциновски, секретар на ДПМ, кој ќе биде и модератор на програмата на манифестацијата.
Од ДПМ велат дека манифестацијата се планира во иднина да биде традиционална.