Во пресрет на одбележувањето на 11 oктомври, утре (8 октомври) во клубот Менада во Старата скопска чаршија, ќе се одржи јавна дебата насловена „Радикална десница, неонацизам, неофашизам и како против тоа; Борбата продолжува“.
Почетокот на дебатата е закажан 19 часот, а на неа ќе се зборува за современите општествени процеси во кои се повеќе доминираат радикалните десничарски идеологии, како и начините како се организира отпорот против.
Како гости на дебатата се поканети Катерина Колозова, Роберт Алаѓозовски и Артан Садику, додека модератор ќе биде Уранија Пировска.
Јавната дебата ќе трае до 21 часот.