Изложбата „На чија страна си?: За неврзаната колонијална констелација“ во НОБ

Факултетот за работи за кои не зборуваме – ФРУ ја организира изложбата „На чија страна си?: За неврзаната колонијална констелација“ која ќе биде отворена во четврток (24 ноември) во 20:00 часот во фоајето на Национална опера и балет (НОБ).

Изложбата, според најавата, планира да направи скок во времето. Таа го поврзува сегашното глобално геополитичко преструктуирање предизвикано од војната во Украина со наследството на Движењето на неврзаните во неговите основни принципи – антиколонијализмот и (транс)националната солидарност, и повикува одново на радикална реинвенција на светот и уметноста во него.

Свои дела во рамки на поставката ќе изложат Дан Акостиоаеј, Ѓорѓе Балмазовиќ, Ѓуверовиќ, Емилија Епштајн, Ана Кнежевиќ, Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков Синиша Илиќ, КУРС
– Лабораторија на неврзаната уметничка колекција, Борко Лазески, Салвадор Аљенде, Сантиаго Даринка Поп Митиќ, Дубравка Секулиќ, Ивана Сиџимовска,  Хјун Сук Сео, Мила Турајлиќ.

Изложбата е по дизајн на Ивана Васева, Филип Јовановски во соработка со Димитар Милев, Тамара Џерков, Сандра Николовска. Таа се организира во рамки на 17. АКТО Фестивал за современи уметности, а е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.