Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск вчера изјави дека профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп е реактивиран, а тоа се базира на анкета со корисниците на мрежата кои во најголем дел ја поддржуваат оваа одлука, пренесува „Би-Би-Си“.
„Луѓето зборуваат“, напиша Маск на Твитер и додаде дека 51.8% од повеќе од 15.000 корисници на платформата гласале да се врати профилот на Трамп.
The people have spoken.
Trump will be reinstated.
Vox Populi, Vox Dei. https://t.co/jmkhFuyfkv
— Elon Musk (@elonmusk) November 20, 2022
Сепак по неговата претходна изјава дека не гледа причина зошто повторно би користел Твитер, можно е Трамп да не се врати на платформата.
Неговиот профил беше суспендиран во 2021 година поради ризик дека поттикнува и повикува на насилство.
Поранешното раководство на Твитер дејствуваше веднаш откако поддржувачите на Трамп упаднаа во Капитол во Вашингтон на 6 јануари.
Кратко по тогашните немири беа суспендирани и профилите на Трамп на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.
Неколку месеци потоа, поранешниот претседател ја лансираше сопствената социјална платформа, Трут.
Освен овој потег на Маск, тој направи и други промени откако го откупи Твитер во октомври. Стотици вработени дадоа или добија отказ по строгиот ултиматум што го постави Маск кога им рече дека треба да потпишат дека ќе работаат подолго и поинтензивно.