Пијанистката Ива Дамјановски утре (23 ноември) во Салон 19:19 во Културно-Информативниот Центар – Скопје (КИЦ) ќе го одржи концертот „Stalking Heads“ со почеток во 19:19 часот.
„’Stalking Heads’ е дело посветено на вревата и обид за спој на поезијата и музиката. Претставува реобмисливање на македонскиот народен мелос во импресионистички стил“, вели Дамјановски.
Ива Дамјановски е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ). Моментално е студент на катедрата за Музикологија, на универзитетот „Università di Trento“, како и на катедрата по Музичка Интерпретација и Композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје. Дамјановски има објавено неколку научни студи во повеќе светски научни списанија. Досега има издадено две поетски збирки за кои е добитник на неколку домашни и меѓународни награди. Таа е дел од од експерименталното музичко дуо „Алембик“.