Просечната нето-плата во септември 2022 година во Северна Македонија изнесувала 32.553 денари, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Оваа цифра е за 12% повисока од просечната нето плата за истиот месец лани.
Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,1%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18,8%) и Преработувачка индустрија (17,9%).
Истовремено бројките покажуваат дека разликата меѓу најниската и највисоката плата според дејностите изнесува повеќе од 65 илјади денари.
Ние направивме листа од десетте најмногу и најмлаку платените дејности според последните податоци на статистичарите. Визуелниот приказ на податоците погледнете го во продолжение:
Даниел Евросимоски