Во рамки на ПИН музичката конференција и Liveurope фестивалот вчера преку ден во МКЦ се случија панели и вмрежување на повеќе од 250 меѓународни букери, промотори и новинари од музичката индустрија, а во вечерните часови се одржаа и повеќе концерти со меѓународни артисти.
Се работи за единствената меѓународна музичка конференција и „шоукејс“ фестивал во државата.
Концертите оставија белег за мнозинството посетители. Вечерниот музички дел стартуваше на различни стејџови, распоредени низ цело МКЦ – од киното „Фросина“, денсинг салата, ресторанот, па се’ до тоалетите.
Ова значеше повеќе настапи истовремено, распрскана енергија низ внатрешниот и надворешниот простор на МКЦ. Млади луѓе, меѓународна публика и постојани резиденти на Центарот движат по скалите горе-доле. Малку од овој бенд, малку од оној. Или слушни цел настап, па отиди на друг. Или отиди да си купиш маичка или носач на звук. Или, едноставно, застани крај скулптурата „Малиот принц“ на муабет со другарите.
Во продожение, погледнете дел од вечерната атмосферата преку фотографии: