На 15 ноември во Скопје ќе се одржи второто изданиe на AllWebMK – интернет маркетинг и онлајн ПР конференција, единствена од овој формат во Македонија.
Конференцијата годинава ќе се одржи во Скопје сити хол. Планиран се настапи на поголем број говорници меѓу кои Немања Ѓуриќ (Кока кола), Драган Варагиќ (Internet group), Крешимир Доминиќ (Abrakadabra.hr), Игор Савиќ (Executive Group), Владимир Вулиќ (Digitalizuj.me), Сеад Џигал (NewMediaCenter).
Темата на годинешната конференција е интегриран маркетинг, социјални медиуми и онлајн ПР. Регистрацијата е во тек, а се очекува присуство на 150 учесници од различни профили, како извршни директори, маркетнинг менаџери, ПР експерти, дизајнери, експерти за интернет маркетинг и слично.
„Време е за квалитетна дискусија, со суштинско навлегување во навистина корисни теми, како интегриран маркетинг, мерењe и ефективна употреба на социјалните медиуми“, велат организаторите на AllWebMK 2013.
Погледнете ги видеата од минатогодишното издание на AllWeb MK.