Во рамките на проектот „Скопје низ детските очи“ , за децата од скопските градинки во четврток ќе биде организирано ликовно ателје на градскиот плоштад на тема „Спомениците на нашиот град”.
Ќе учествуваат по десетина деца од 17 градинки во Скопје, а настанот на плоштадот “Македонија” е закажан во 1о часот.
Носител на овој проект е јавната детска градинка „8-ми Март” од Кисела Вода. На проектот му претходеа организирани посети на некои од позначајните спомен-обележја, како и новоизградени спомен-куќи и музеи. Ваквите прошетки имаат за цел децата од градинка да ги запознаат со историското минато на македонскиот народ.
Од ликовното ателје се очекува да произлезат детски ликовни творби, кои ќе бидат дел од наградниот конкурс во организација на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за култура и јавните детски градинки од градот Скопје.