Во два наврати, двајца деветтодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование. Првпат тоа се случило на четврти а вторпат на 11 ноември, годинава, кога ученикот се вратил дома освен со искинат долен веш и со гребнатини на телото, пишува веб-сајтот Дума.мк.
Таткото на 14 ипол годишното момче прво се обратил до училиштето од каде му рекле дека ќе преземат мерки при што ја споменале и педагошката мерка на преместување на двајцата соученици, кои што го малтретирале моето дете, во подрачното училиште во село Виничани. Потоа, по два дена, таткото бил известен дека децата кои го вознемирувале неговиот син ќе ги преместат само во соседната училница.
Тогаш таткото го пријавил случајот во Полициска станица на Сектор за внатрешни работи Велес. Таму, неговиот син бил сослушан инспектор за малолетници и бил повикан тим од Центарот за социјални работи во Велес. Таткото потоа за случајот тврди дека не добил никакво известување се додека во понеделникот (28 ноември) по поминати седумнаесет денови, не дошол повторно во Велес и сам не побарал информации од полицијата дали има и до каде е постапката со расчистување на булингот врз неговиот малолетен син.
Од полицијата информирале дека е известен Јавниот обвинител и Центарот за социјални работи Велес, кој е надлежен за постапување за случаите поврзани со малолетници.
Прочитајте ја целата сторија на Дума.мк.