Утре (9 октомври) во Мала станица, ќе се одржи првиот саем за кариера „Кариерен експо“ на Младинскиот совет на американската амбасада каде што ќе учествуваат претставници на американската амбасада, дипломати, бизнисмени, но и граѓански организации.
На „Кариерен експо“ ќе се претстават 50 успешни компании, институции и организации пред амбициозни млади личности од државните и приватните универзитети и од средните училишта.
Американската амбасада е главниот поддржувач и партнер на целиот настан. Според програмата од 10 до 14 часот ќе има мотивациски говори од успешни дипломати, претставици од бизнис секторот како и од граѓанскиот сектор во Македонија. Од 14 до 18 часот ќе бидат презентирани можностите на Саемот за работа и волонтирање пред ммладите, додека од 15 до 18 часот планирани се работлници за волонтирање и вештини од младински граѓански организации вештини.
За сите заинтересирани, присуството на овој настан е бесплатно во текот на целиот ден.