Годишна награда „Феникс“ за 2022 година добија десет ученици и студенти. Наградата ја доделува Општина Центар, а наградите беа доделени денес на свеченост во општинските простории.
Годинава признание добија десет ученици и студенти што се истакнале во различни спортски дисциплини, во стопанството, уметноста, образованието, како и во други области на трудот и творештвото и покажале исклучителни резултати на натпреварите.
За своите постигнувања диплома и паричен износ од 16.000,00 денари добија:
– Петар Ацевски, за постигнувања во спортот – фудбал.
– Ева Малиновска, за постигнувања во културата – музика.
– Ана Левеска, за постигнувања во науката – биологија.
– Кристијан Јанев, за постигнувања во спортот – тенис.
– Стефан Новковски, за постигнувања во спортот – тенис.
– Теона Димитриевска, за постигнувања во класичниот балет.
– Марио Брезовски, за постигнувања во спортот – триатлон.
– Мила Христовска, за постигнувања во музиката.
– Петар Бошку, за постигнувања во образованието и
– Лука Дворник, за постигнувања во спортот – пинг-понг.
Наградите на младите ги додели актуелниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Добивањето награда е причина за задоволство не само за оние што ја примаат туку и за оние што ја доделуваат. Сакам да ви оддадам признание за тоа што покажавте како со успех може да се спојат училишните обврски, умешноста и знаењето. Вашите постигнувања веќе се пример за врсниците, но и за повозрасните“, им порача Герасимовски на победниците.