Скопскиот бенд „SoundEdge“ го објави својот втор студиски албум насловен „Volume 2“ што сега е достапен да се слушне на платформата „Audiomack“.
„Со објавување на спотот за песната „Без љубов“ започнува новата приказна“, велат од бендот.
„Volume 2“ содржи 14 теми и комплетно е сниман, миксан, мастериран и продуциран во нивното студио, Soundedge Studio. Албумот наскоро ќе биде достапен и на останатите музички платформи.