Со почеток во 18 часот во сабота (10 декември) во Младинскиот центар Охрид ќе се отвори изложбата „Звукот на фотографијата“.
Културолошката иницијатива „5 до 12“, која е организатор на настанот, посочува дека зад фотографиите на изложбата стојат млади охридски фотографи, на слободна тема. Фотографите кои со свои дела учествуваат на изложбата се Анамарија Момироска, Христијан Јанкуловски, Никола Ставрески, Анастасија Стојаноска, Ива Јовановиќ и Давор Левески.
Изложбата ќе биде отворена до 30 декември.