„Спасени“, претставата која што зборува за „осаменоста на луѓето во сурово и цинично време“, вечерва, 7 декември, ќе се одигра во Младинскиот културен центар (МКЦ). Претставата ќе започне во 20 часот.
„Специфичната фрагментарна драматургија на текстот, едноставниот јазик и суптилата духовитост се фундаментот на оваа претстава, а преку брзиот ритам и динамичното темпо како сложувалка се открива приказната на десетте ликови, кои по некоја „случајност“ се наоѓаат заедно на ова патување. Несреќата со возот го менува светогледот на преживеаните патници и нивниот однос кон животот се редефинира и добива една сосема нова смисла“, се вели во описот на делото.
Претставата е во режија на Дамјан Костовски. Актерската екипа ја сочинуваат Владимир Петровиќ, Горан Ников, Мирјана Трпковска, Хари Михајловски, Ања Митиќ, Јоанис Далајоргос, Елена Кузманов, Антонио Ташковски, Васко Костовски и Кире Ацевски.
Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн.