Минхен забрани одредени климатски протести по минатонеделните блокади на аеродромите, кога активистите се залепија на пистите, јавува Евроњуз. Сите собири поврзани со климата насочени кон блокирање на клучните патишта и други области ќе бидат забранети најмалку еден месец, односно до 8 јануари.
Главниот град на покраината Баварија ја објави најавата во петокот, откако климатските активисти накратко го прекинаа сообраќајот на аеродромот во Минхен во знак на протест против влијанието на воздушниот сообраќај врз животната средина.
„Целта е да се обезбеди „главните правци за возилата за итни случаи и спасување во градското подрачје постојано да бидат чисти и да се избегнат можните штети… што би можеле да настанат поради доцнење во итни случаи“, се вели во соопштението на градот.
Минатиот четврток, активистите се залепија на асфалтот на двата најголеми германски аеродроми во Берлин и Минхен, блокирајќи ги пистите и улиците, јавија локалните медиуми.
Климатски активисти се залепија на пистите на аеродромите во Берлин и Минхен