Шпанија почна да ја испитува можноста за скратување на работната недела, без намалување на платите, како дел од мал пилот-проект, објави државната телевизија РТВЕ, повикувајќи се на Министерството за индустрија.
Проектот ќе трае две години и доколку резултатите бидат позитивни, мерката може да се прошири и на други делови од пазарот на трудот.
Во Службениот весник е објавено дека за тој проект се обезбедени 10 милиони евра, а во него можат да учествуваат мали и средни претпријатија со најмногу 249 вработени.
Државата ќе им исплати 150.000 евра доколку неделно го намалат бројот на работни часови за најмалку 10% за 25 до 30 отсто од својата работна сила, во зависност од големината на компанијата.
Компаниите кои учествуваат во проектот мора да презентираат внатрешни организациски подобрувања во првата година од пробниот период, со цел да се подобри продуктивноста и компензацијата за поголеми сатници.
Секоја компанија има можност да одлучи дали ќе го намали бројот на работни часови дневно или ќе воведе четиридневна работна недела.