Независната театарска продукција „Вондерленд театар“ ќе ја одигра праизведбата на претставата „Утопија на постоењето“ во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Заснована по текст на Артан Садику, претставата ќе се одигра вечерва, на 20 декември, со почеток во 20 часот.
„Текстот ги открива индивидуалните филозофски стојалишта за повеќе животни аспекти на четворица пријатели затекнати во неколку различни околности“, велат од „Вондерленд театар“.
Режијата на претставата е на Васил Христов, текстот е на Нела Витошевиќ, а актерската екипа ја сочинуваат Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски, Исмет Шабановиќ и Драгана Костадиновска.
„Вондерленд театар“ е независна театарска компанија со седиште во Скопје, основана во 2010 година од режисерите Нела Витошевиќ и Васил Христов.
Нивната прва премиера “Брод за кукли” беше критички призната и имаше голем успех со публиката. Главните цели на театарското друштво се инспиративна промена, постојано придвижување на стандардите и носење свежина на независната уметничка сцена.