Во тепачка помеѓу две групи ученици од средните училишта, ПТТ и хемиско повредени се двајца ученици кои синоќа помош побарале во Ургентниот Центар. Тепачката се случила околу 19 часот, по завршувањето на втората смена во двете училиштата, на автобуската станица на улицата „Трета македонска бригада“.
Од СВР Скопје го потврдија настанот. Учениците се мавале со тврди предмети како дрва камења и се што им дошло при рака. Притоа повредена е една 16 годишна ученичка од хемиското училиште и 17 годишен ученик од ПТТ, по што и на двајцата им била укажана помош во скопскиот Ургентен центар.
Како што посочија од полиција, во присуство на родителите направен е разговор со двајца ученици од средното хемиско училиште, а во текот на денот испрашани ќе бидат уште неколку ученици.
Освен првичните информации дека мотивот за тепачката е нетрпеливост помеѓу учениците од двете училишта, засега конкретен одговор зошто синоќа се степаа средношколците од училиштата „Марија Кири Склодовска“ и „Владо Тасевски“.