Дваесетгодишната туниска студентка Маруа Малауи е осудена на три месеци строг затвор за навреда на актуелен министер во туниската влада, пренесуваат агенциите.
Тунискиот суд пресудил против Малауи, откако таа била тужена од државата поради тоа што носела транспарент на кој актуелната министерка за правата на жените била наречена „проститутка“.
Адвокатите на Малауи одбраната ја темелат на тврдењето дека студентката немала намера лично да ја навреди министерката, а изразот „простутка“ имал „политичко значење“.
Транспарентот бил истакнат на демонстрации против министерката Сихем Бади, поради тоа што таа не реагирала соодветно на инцидент со силување на девојче во градинка во Тунис.