Министерството за образование и наука (МОН) синоќа информираше дека се исплатени парите за субвенциониран студентски оброк на студентите кои аплицирале и ги исполниле условите. Според Министерството студентите на своите трансакциски сметки добиле средства во износ од по 6.480 денари.
Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.
Од МОН посочуваат дека истанатите студенти кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.
На повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.