Вечерва во Универзална сала ќе започне второто издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“, годинава под мотото „Погледни подалеку“. Свеченото отворање ќе биде одбележано со презентација на првата македонска компјутерска игра „Освојувањата на Александар Велики“, дело на графичкиот дизајнер и аниматор Елена Попова, програмерот Сандра Николовска, а музиката е дело на Дуња Иванова.
Како што појаснија од „Скопје креатива“ добивени биле понуди за изработка на компјутерска игра за Крали Марко, за Итар Пејо и за Александар Велики. Последната биле избрана бидејќи промовира универзални вредности и пораки, вели Миодраг Костиќ, директор на проект-платформата „Скопје креатива“.
Настаните од „Скопје Креатива“ ќе се одвиваат во Универзалната сала. За прв пат ќе биде презентиран најновиот дизајн „Замрзнувачко шише“, иновација на Зоран Мијаков од Фригомонт, дизајн на огледала од вулкански масиви во изведба на компанијата „Гоговски“, уникатни парчиња дизајнерски мебел на две македонски компании „Смарт ливинг“ и креативното студио „БТС Арт фактори“. Исто така ќе бидат прикажани новите дизајни на „Велосипеди по мерка“ на компанијата „Драгон Кастм“ како и креативните производи на уметникот Зоран Тошевски и скулпторот Александар Ефтимовски.
Во рамките на манифестацијата студентите од Архитектонскиот факултет ќе создаваат уникатен дизајн на познатата фонтана пред Универзална сала, насловен како „Метаморфози“, а планирани се и многу рботилници.
Сите работилници во трите дена ќе создаваат производи, конкурентни на пазарот кои ќе бидат презентирани на завршната манифестација на 12 октомври во 22 часот. Последниот фестивалски ден, 12 октомври е резервиран за Базарот, во соработка со МАТА, на кој ќе настапат македонски креативци-индивидуалци кои ќе презентираат рачно изработени дизајнирани уникати кои македонската публика ќе може да ги консумира.
Во продолжение, ова е програмата на годинешното издание на „Скопје креатива“.